Со работен состанок на клупската управа, стручниот штаб и медицинскиот тим, како и ростерот на професионални ракометари, започна сезоната 2025/26 на новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2.
Најмладиот македонски клуб од елитната категорија по една година се врати во Суперлигата и седум недели по завршувањето на старата, ги започнува активностите во новата сезона.
Нови ракометари на Еурофарм Пелистер 2 се: Славчо Шулески и Јован Даневски (Тиквеш), Баптист Одифред (Даипо Стип, Јапонија), Илија Илијевски (Вардар Неготино), Мелин и Алдин Фехми, Иван Велески, Леонид Лозановски, Лука Ѓорѓиевски, Андреј Дамчевски и Стефан Лазаревски (Еурофарм Пелистер – младинска екипа).
Од клубот си заминаа: Василије Печурица, Богдан Мијушковиќ, Никола Блажевски, Марко Димовски, Дејан Југовски.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷