Еурофарм Пелистер 2 го доби дуелот со Скопје 2020

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 остварија победа против екипата на Скопје 2020 со резултат 28-19 во натпревар од Супер лигата.

Еурофарм Пелистер 2 одлично почна во одбраната и во нападот во првото полувреме. На одмор битолскиот тим замина со предност од 14-8. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 рутински одработи против Скопје 2020.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Петар Атанасијевиќ со пет погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Жарко Барјактаревиќ со шест погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести