Тимот на Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирање за сезоната 2023/2024. Нов член на клубот е кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески.
Се работи за 19-годишен среден бек, роден во Струга, кој во Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од словенечкиот клуб Слован Гросист.
Се работи за момче со огромен простор за напредок, висок 180 сантиметри, а тежок 80 килограми.
Со неговото доаѓање продолжува составувањето на компетивен млад тим, кој ќе има што да каже во Супер лига. Мирче Калајџиески потпиша договор на четири години со тимот на Еурофарм Пелистер.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷