Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го совлада тимот на Голден Арт со конечни 28-20 во Супер лигата.
Еурофарм Пелистер 2 го презеде водството на полувреме од 17-10. Во второто полувреме тимот од Битола, продолжи со добрата игра, за на крај да слави против Голден Арт.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Петар Атанасијевиќ со осум гола, додека кај екипата на Голден Арт најефикасен беше Славе Јанковски со шест гола.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷