Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа против екипата на Драчево со резултат 40-22 и обезбеди пласман во наредната фаза од Купот на Македонија.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на крај да слави победа против Драчево.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Ненад Белистојаноски со 11 гола, додека кај Драчево најефикасни беа Петар Ферукоски и Филип Дабевски со по четири гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷