Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го совлада тимот на Прилеп со конечен резултат 31-22 во плеј-аутот од Супер лигата.
Еурофарм Пелистер 2 од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така стигна до победа против Прилеп.
Директен црвен картон заработи Пеце Рајатоски од екипата на Прилеп, затоа што го погоди противничкиот голман во главата од пенал.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Христијан Митревски со седум гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Ангелче Органџиев со осум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷