Еурофарм Пелистер 2 го совлада Скопје 2020

Еурофарм Пелистер 2 продолжува со победите и во пролетниот дел, откако на домашен терен ја совлада екипата на Скопје 2020 со конечни 37-26.

Домашната екипа од почетоко на средбата го презеде водството, кога на полувреме имаше водство од 18-12. Во вториот дел продолжи добрата игра на битолчани за на крај да слават со убедлива разлика против Скопје 2020.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Андре Буторац со шест погодоци, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Кирил Пешкироски со пет погодоци.

Супер лига (мажи):

Рк Еурофарм Пелистер 2 37-26 Рк Скопје 2020

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести