Еурофарм Пелистер 2 лесно стигна до победа против Радовиш, откако го совлада со високи 32-17 во натпревар од Купот на Македонија.
На полувреме беше 16-7 за битолскиот тим. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 само ја зголемуваше разликата против Радовиш.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Петровиќ со осум погодоци, додека кај екипата на Радовиш најефикасни беа Трајанов и Трајчевски со по четири погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷