Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа висока победа против екипата на Вардар Неготино со убедливи 38-17 во плеј-офот од Првата лига.
Составот на Еурофарм Пелистер 2 од почетокот на натпреварот имаше високо водство, па на крај да го совлада Вардар Неготино.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Ненад Белистојаноски со десет гола, додека кај Вардар Неготино најефикасен беше Костадин Петров со пет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷