Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа лесна победа против тимот на Јуниор Кисела Вода со конечни 33-23 во Супер лигата.
Битолскиот тим успеа да направи водство на полувреме од 14-12. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 ја зголемуваше разликата, за на крај да слави со висока разлика против Јуниор Кисела Вода.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Мартин Ивановски со седум гола, додека во екипата на Јуниор Кисела вода најефикасни беа Андревски и Петровски со по пет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷