Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа против Аеродром со минимални 27-26 во Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 и на пауза имаше минимална предност од 13-12. Второто полувреме беше неизвесно и драматично, но сепак битолскиот тим се избори за победа.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Мирче Калајџиоски со осум гола, додека кај екипата на Аеродром најефикасен беше Наум Костов со 12 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷