Еурофарм Пелистер 2 одигра нерешено против Охрид и ќе игра во Европа

Екипите на Охрид и Еурофарм Пелистер 2 си ги поделија бодовите откако двете екипи одиграа нерешено со 23-23 во плеј-офот во Супер лигата.

На полувреме Охрид имаше предност од 12-10. Во второто полувреме беше неизвесно и драматично, двете екипи се бореа гол за гол за на крај да си ги поделат бодовите.

Најефикасен кај екипата на Охрид беше Мартин Ивановски со шест погодоци, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Милан Џукиќ со седум погодоци.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 избори настап на европска сцена и тоа настап во Лигата на Европа.

(фото/видео-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.