Еурофарм Пелистер 2 означи старт на подготовките (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, со денешниот работен состанок и првиот тренинг, официјално ги започнаа активностите во вториот дел на сезоната.

Тренерот Александар Зарков на располагање ги имаше скоро сите ракометари од есенскиот дел, со кои ќе се обиде во последните четири кола од регуларниот дел на Супер лигата да се избори за плеј-офот.

Еурофарм Пелистер 2 ќе се подготвува во својот дом. Екипата ќе тренира секојдневно во спортската сала „Боро Чурлевски“, а планирани се и три контролни натпревари. На 23 и 25 јануари Еурофарм Пелистер 2 ќе тестира со Прилеп, а на 30 јануари ќе се сретне со Младост во Богданци.

Екипата на Александар Зарков презими на седмото место со 17 бода. Првиот официјален натпревар во 2026 година Еурофарм Пелистер 2 ќе го одигра на 7 февруари против Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷









Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *