Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа висока победа против Голден Арт со високи 39-25 во плеј-аутот од Супер лигата.
На полувреме Еурофарм Пелистер 2 имаше предност од 20-15. Во второто полувреме Еурофарм Пелистер 2 ја зголемуваше предноста, па на крај да слави против Голден Арт.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беа Ненад Белистојаноски, Алем Хаџиќ и Иван Димитровски со по пет гола, додека кај Голден Арт најефикасни беа Мице Шилегов и Тоше Ончев со по шест гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷