Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 забележаа висока победа против ракометарите на Радовиш на домашен терен со убедливи 35-23 во натпревар од Супер лигата.
Од почетокот на натпреварот Еурофарм Пелистер 2 го презеде водството и тоа водство го одржуваше до крајот на натпреварот. На полувреме Еурофарм Пелистер 2 имаше предност од 16-14. Во вториот дел битолскиот тим ја зголеми предноста за на крај да забележи висока победа против Радовиш.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Петар Атанасијевиќ со шест погодоци, додека кај екипата на Радовиш најефикасен беше Здравко Постолов со десет погодоци.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷








