Еурофарм Пелистер 2 забележа победа против составот на Струга со конечни 22-17 во Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 и на пауза имаше предност од 12-6, па во второто полувреме продолжи со добрата игра како и во првото полувреме.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Христијан Митревски со шест гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Мерис Бошњак со осум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷