Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа против екипата на Прилеп со конечни 31-28 во натпревар од Супер лигата.
Тимот Прилеп парираше во текот на целиот натпревар, но на крај Еурофарм Пелистер 2 прослави победа.
Најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беше Христијан Митревски со седум гола, додека кај Прилеп најефикасен беше Димитар Димитриоски со десет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷








