Еурофарм Пелистер 2 се засили со голманите Печурица и Јовановски

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 се засили со голманите Василије Печурица и Мартин Јовановски.

28-годишниот Јовановски е производ на познатата битолска школа на голмани. Се враќа во матичниот клуб од германскиот Дансенберг, а претходно настапуваше за Струга, Охрид и алжирски Петролиер. Maртин Јовановски се обврза на договор на две години.

18-годишниот младински репрезентативец на Црна Гора, Василије Печурица во тимот на Еурофарм Пелистер 2 доаѓа од Струга, а претходно настапуваше и за Будуќност. Печурица стави потпис на четиригодишен договор со битолскиот суперлигаш.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.