Еурофарм Пелистер 2 се засили со лев бек од Тунис

Ракометното семејство на Еурофарм Пелистер 2 е побогато за уште еден млад член. Еден од најталентираните туниски ракометари, Мохамед Азис Бен Мафуд, е нов член на Еурофарм Пелистер 2.

Се работи за лев бек, висок 195 сантиметри и тежок 95 килограми. Мафуд има 21 година и доаѓа во Македонија од Клуб Африкан од Тунис. Последната сезона ја мина на позајмица во Грмда.

Мафуд веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот Александар Зарков во Првата лига. Неговото официјално претставување е предвидено следната недела во Битола. 

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *