Еурофарм Пелистер 2

Еурофарм Пелистер 2 се спаси од пораз против екипата на Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во последните десет секунди реализираа пенал и одиграа реми со екипата на Охрид 28-28.

Во текот на натпреварот двете екипи беа во водство и се играше рамноправно. На полувреме составот на Еурофарм Пелистер 2 го имаше водството од 13-12. Вториот дел беше рамноправен за двете екипи. Во последните десет секунди домашната екипа реализираше пенал и одигра реми со Охрид.

Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер 2 беше Павле Атанасијевиќ со седум погодоци, додека најефикасен во составот на Охрид беше Мице Шилегов со 14 погодоци.

Рк Еурофарм Пелистер 2 28-28 ГРК Охрид

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести