Екипата на Еурофарм Пелистер 2 славеше на првиот пријателски натпревар против Струга со 30-21 одигран во салата Боро Чурлевски во Битола.
Двете екипи одиграа добар натпревар. На полувремето Еурофарм Пелистер 2 водеше минимално со 12-11, но во вториот дел битолчаните се разбудија, и на крај славеа со голема разлика против Струга.
Александар Јовиќ неможеше да смета на Благојче Трајкоски и Цветан Кузманоски кои се на Европско првенство со Македонија. Додека во Струга недостигаше голманот Никола Матовиќ кој е на Европско првенство со Црна Гора.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷