Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со победа над екипата на Прилеп од 34-26 се одјави од есенскиот дел во Супер лигата.
Еурофарм Пелистер 2 имаше контрола врз резултатот, а на полувреме имаше водство од 18-13. Во вториот дел добрата игра на домашната екипа продолжи, за на крај да слави победа во Супер лигата.
Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Емилијан Ѓорговски со седум гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Реваз Чантурија со пет погодоци.
Рк Еурофарм Пелистер 2 34-26 Рк Прилеп


(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷