Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа против тимот на Тинекс Пролет со конечни 28-25 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.
Еурофарм Пелистер 2 од почетокот на натпреварот го имаше водството, па така до крајот на натпреварот продолжи со добрата игра, и да триумфира против Тинекс Пролет.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Емилијан Ѓорговски со 13 гола, додека кај екипата на Тинекс Пролет најефикасни беа Давор Палевски и Виктор Додевски со по 8 гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2) 📷