РК Еурофарм Пелистер 2 денес ги започна подготовките за сезоната 2023/24. Првиот тренинг го одработи новиот тренер Михаил Петровски, кој ја наследи екипата од Александар Зарков.
Петровски претходно работеше со пионерската екипа и промовиран е за првпат да работи со сениорска екипа. Младиот суперлигап три години по ред има во плеј-офот и со таа цел ја започнува и оваа сезона. Ростерот останува македонски, со неколку талентирани ракометари од регионот.
На прозивката не присуствуваа младинските репрезентативци на Македонија, Самоил Ристевски и Ненад Белистојаноски.
Екипата ќе се подготвува во Битола, ќе одигра контролни натпревари против Еурофарм Пелистер, Прилеп, Динамо Врање, а ќе учествува и на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп. Еурофарм Пелистер 2 е дел од групата 2 со Кокс од Финска, Тинекс Пролет и Мулти Есенс.

