Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа на гостувањето кај екипата на Јуниор Кисела Вода со резултат 33-28.
Еурофарм Пелистер 2 добро го започна натпреварот, па на пауза замина со предност од 19-12. Во второто полувреме битолскиот тим продолжи да ја зголемува предноста, за на крај да слави против Јуниор Кисела Вода.
Најефикасен кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Ненад Белистојаноски со 6 гола, додека кај тимот на Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Дарио Симоноски со 10 гола.
(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷