Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа против составот на Скопје 2020 со високи 37-22 во натпревар од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше предност од 19-10.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Ненад Белистојаноски и Стефан Трпчевски со по шест гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Андреј Митиќ со пет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷