Екипата на Еурофарм Пелистер 2 триумфираше против екипата на Куманово со резултат 27-24, но не успеа да се пласира во плеј-офот иако имаше шанси.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 и на пауза имаше предност од 14-12. Во второто полувреме битолскиот тим продолжи со водството, па на крај да триумфира против Куманово.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Ненад Белистојаноски со седум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Зоран Ѓурковиќ исто така со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷