Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа висока победа против тимот на Астраион со убедливи 39-22 во Првата лига.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 и на полувреме имаше водство од 16-12. Во второто полувреме битолскиот тим успеа да ја зголеми предноста, па на крај да слави против Астраион.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Марко Димовски со десет гола, додека кај Астраион најефикасен беше Васе Наков со седум гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷








