Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа на гостувањето кај екипата на Куманово со резултат 30-28 во 3. коло од Супер лигата.
Тимот на Еурофарм Пелистер 2 на полувреме имаше водство од 15-12. Во второто полувреме Куманово се обиде да парира, но сепак на крај Еурофарм Пелистер 2 ги освои бодовите.
Најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер 2 беа Петар Маркоски и Ненад Белистојаноски со по седум гола, додека кај екипата на Куманово најефикасен беше Тоше Ончев со девет гола.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷