Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа на домашен терен против екипата на Струга со конечни 32-26 во натпревар од Супер лигата.
Во првото полувреме имаше неизвесен дуел, но битолчани успеаа да заминат со минимално водство на полувреме од 12-11. Во вториот дел Еурофарм Пелистер 2 ги казни грешките на Струга за на крај да забележи победа.
Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер 2 беше Цветан Кузманоски со седум погодоци, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Петар Маркоски со четири погодоци.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷