Екипата на Еурофарм Пелистер загуби од екипата на Мотор Запорожје со конечни 27-25 во последното коло од групната фаза од Лигата на Европа.
Мотор Запорожје уште од почетокот на натпреварот направи водство, тимот на Еурофарм Пелистер се обидуваше да се врати, но не доволно за победа.
Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Марио Танкоски со 9 погодоци, додека кај екипата на Мотор Запорожје најефикасен беше Игор Турченко со 7 погодоци.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷