Европската ракометна федерација (ЕХФ) во наредните денови се очекува да донесе конечна одлука за случајот меѓу екипите на Алкалоид и АЕК Атина во финалето од Европскиот Куп.
Од Европската ракометна федерација (ЕХФ) на нивната страница објавија дека ќе преземат соодветни мерки и ќе го решат случајот во наредните денови.
Информациите што ЕХФ ги достави до судските тела, меѓу другото, се однесуваат на дистрибуцијата на билети на гостинските навивачи од страна на Алкалоид во пресрет на натпреварот, како и на одбивањето на АЕК Атина да влезе на теренот за почетокот на натпреварот.
(фото – Рк Алкалоид)📷