Европската ракометна федерација (ЕХФ) одржа конгрес во Виена и ги откри организаторите на Европските првенства во машка и женска конкуренција во 2026 и 2028 година.
Земјите Данска, Шведска и Норвешка ќе бидат домаќини на континенталниот собир во 2026 година во машка конкуренција. Додека во 2028 година домаќини ќе бидат земјите Шпанија, Португалија и Швајцарија.
Во женска конкуренција континенталниот собир во 2026 година ќе се одржи во Русија. Додека во 2028 година исто така во женска конкуренција домаќини ќе бидат земјите Данска, Шведска и Норвешка.
Следната година домаќини кај мажите ќе бидат Унгарија и Словачка, додека кај жените ќе бидат Македонија, Словенија и Црна Гора. Во 2024 година кај мажите е Германија, а кај жените се Австрија, Унгарија и Швајцарија.
(фото-ЕХФ)📷