macedonia

ЕХФ: Македонија ќе биде незгоден противник, со тренер-играч како Кире Лазаров

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја претстави Македонија на престојниот континентален шампионат што ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Македонија ќе игра по седми пат на Европско првенство, а шести по ред, и поради тоа ЕХФ вели дека нашата репрезентација ќе биде незгоден противник на ЕП.

Македонија има силна ракометна традиција со тоа што целата земја го сака спортот максимално. Тие доаѓаат во својот шести последователен настап на Европското првенство со посебна приказна: легендарниот играч Кирил Лазаров, кој се уште е важен дел од тимот на Нант и во репрезентацијата како десен бек, ќе биде тренер-играч.

Иако имаа слаби перформанси на Светското првенство на ИХФ за мажи 2021 година, завршувајќи на 23-то место без победа, Македонија сè уште има доверба дека може да биде успешна на ЕХФ ЕВРО 2022 година за мажи. И со Лазаров, линискиот играч Стојанче Стоилов и голманското дуо Мартин Томовски и Никола Митревски меѓу четата, може да бидат тврд орев.

Лазаров има јасна визија за својот тим и за стилот на игра. На младите играчи ќе им се даде шанса да се докажат, но и Македонија може да смета на искусни играчи во клучните моменти. Оваа комбинација може да се покаже корисна, бидејќи Македонија сака да го остави зад себе разочарувањето од 2020 година – кога не успеаја да напредуваат во главната рунда за прв пат на ЕХФ ЕУРО.- се вели во соопштението од ЕХФ.

(фото/видео-ЕХФ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.