Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува натпревар против екипата на Висла Плоцк во Лигата на шампионите.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, каде изјави дека тимот ќе атакува на прва победа во Лигата на шампионите.
“Гостуваме кај одличен противник, екипа составена од интернационалци и многу добар тренер. Висла негува малку поинаков ракомет од другите. Имаат гранитна одбрана, искусни голмани и сакаат сигурен и смирен напад. Се подготвуваме максимално и имаме свои шанси, затоа што секоја екипата во Лигата на шампионите бара слаби страни на противникот. Ќе биде супер-неизвесно”, – изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷