Екипата на Еурофарм Пелистер, која има високи амбиции во Супер лигата го продолжи договорот со актуелен ракометар.
Станува збор за пикерот Жарко Пешевски, кој го продолжи договорот со Еурофарм Пелистер до 2027 година.
“„Срцето“ на нашиот проект и во иднина ќе бидат квалитетни македонски репрезентативци, кои и, како и во цела наша историја, ќе го носат дресот на Еурофарм Пелистер. Во тој правец со гордост го објавуваме потписот на нов договор на кружниот напаѓач Жарко Пешевски. Тој се обврза на договор со шампионот на Македонија и за сезоната 2026/27, со што успешната приказна на Пешевски со нашиот клуб ќе продолжи и во иднина”, – објавија од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








