Екипата на Еурофарм Пелистер се засили со македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски кој доаѓа од германски Штутгарт.
31-годишниот Пешевски потпиша тригодишен договор и ќе биде претставен пред стартот на подготовките за следната сезона.
Пешевски е роден во Скопје на 11 април 1991 година, а во својата кариера настапуваше за Металург, Мотор Запорожје и Штутгарт. Во дресот на националната репрезентација е од 2013 година и континуирано настапува на пивотменската позиција.

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷