Ждрепката за плеј-офот и плеј-аутот во Супер лигата ќе се одржи четврток на 22.12.2022 година

На ден 22.12.2022 година (четврток) со почеток во 12:00 часот ќе се изврши извлекување на натпреварувачки броеви за плеј-оф и плеј-аут за Супер машка ракометна лига.

По завршување на 14-то коло од регуларниот дел се разигрува плеј оф и плеј аут, односно екипите пласирани/рангирани од 1-4 место по групи ќе ја формираат плеј оф групата од 8 екипи и екипите со остварен пласман од 5-8 место во групи во регуларниот дел ќе ја формираат групата плеј аут од 8 екипи.

Во плеј оф и плеј аут екипите се натпреваруваат во еднокружен бод систем (домаќингостин) 2×7 кола или вкупно 14 кола до добивање на конечен пласман во највисок степен на натпреварување.

Распоредот на натпреварите ќе биде одреден по завршување на регуларниот дел со ждребање по Бергер систем.

Екипите во плеј аут групата, формирана од екипите од 5-8 место (група А и Б), разигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин) 2×7 кола или вкупно 14 кола за опстанок во Супер машка лига.

По добивање на конечниот пласман во плеј аут групата пласираните од 1-5 место
остануваат во Супер лига , 6-от игра еден бараж натпревар на неутрален терен со 3-от од Прва лига за опстанок во највисок степен на натпреварување ( во случај на нерешен резултат се изведуваат дирекно седмерци ), 7-от и 8-от преминуваат во Прва лига, а првиот и вториот од Прва лига влегуваат директно во Супер лига.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.