Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Србија со 18-26 во натпревар од Медитеранските игри.
Србија добро го започна натпреварот и на пауза замина со предност од 8-10. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Србија за на крај да слави против Македонија.
Најефикасна во селекцијата на Македонија беше Теодора Дукоска со пет погодоци, додека кај селекцијата на Србија најефикасна беше Јововиќ со осум погодоци.
(фото-МОК)📷