Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби од Турција со 27-34 на првиот натпревар од Медитеранските игри.
Турција го презеде водството и на пауза замина со предност од 16-19. Во второто полувреме Турција продолжи со добрата игра за на крај да слави против Македонија.
Најефикасна во селекцијата на Македонија беше Јована Кипријановска со шест гола, додека кај селекцијата на Турција најефикасна беше Туркоглу со осум гола.
(фото-МОК)📷