Во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше извршена ждрепката за Женската Супер лига.
За новата сезона пријавени се 14 екипи, а нема да настапуваат екипите на Металург и Кузман Вардар, додека нов клуб е Металург Автокоманда.
Женска Супер лига – ЖРК Шампион, ЖРК Гевгелија, ЖРК Ѓорче Петров, ЖРК Вардар, ЖРК Металург Автокоманда, ЖРК Спартак, ЖРК Деспина, ЖРК Чаир, ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет, ЖРК Скопје, ЖРК Куманово, ЖРК Пелистер, ЖРК Стружанка и ЖРК Астибо.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷