Екипата на Јехона, во новата сезона ќе има и женски сениорски тим кој ќе игра во Женската Прва лига.
Тимот на Јехона ги стартуваше подготовките и има високи амбиции за новата сезона во Женската Првата лига, каде ќе атакува на подобар пласман.
Составот на Јехона ќе биде предводен од Фари Селмани, а ќе му помага Радислав Стрезовски. Јехона се засили со ракометарките Елена Ѓорѓеска, Марија Ѓорѓиевска и Сара Премческа.

(фото – ЖРК Јехона)📷