Хрватскиот тренер Жељко Бабиќ во новата сезона ќе има нов клуб во тренерската кариера.
Тој потпиша договор на една сезона со екипата на Подравка од Хрватска. Тој доаѓа на тренерското столче од екипата на Еурофарм Пелистер.
“Пред се, горд сум и среќен што станав тренер на ЖРК Подравка Вегета. Ни претстои нова сезона, нови предизвици и време во кое ќе се стремиме да бидеме подобри и поуспешни преку заедничка работа и соработка и верувам дека тоа можеме да го постигнеме со многу труд. Им благодарам на сите за довербата”, – кратко прокоментира тренерот Жељко Бабиќ.

(фото – ЖРК Подравка)📷