Живан Пешиќ е нов ракометар на Охрид

Екипата на Охрид, која има позитивни резултати оваа сезона и наредната сезона ќе игра во Европа се засили со нов ракометар.

Станува збор за кружниот напаѓач Живан Пешиќ. Пикерот Пешиќ доаѓа од редовите на Војводина, а има настапувано и за екипите на Партизан, Веспрем и Ѓер.

“Се чувствувам исклучително привилегиран поради повикот и можноста да учествувам во клупски проект како што е Охрид. Се надевам дека заедно во иднина ќе ги оствариме краткорочните и долгорочни цели на клубот. Исто така, како играч ми претставува задоволство што ќе имам можност да работам со тренер со такво искуство и значење за ракометот во Македонија како што е Стевче Алушовски. Моја лична цел е да му помогнам на клубот да оствари подобри резултати во однос на претходната сезона”, – изјави Живан Пешиќ.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести