Живко Мукаетов и РФМ им посакаа среќен почеток на сениорките пред Европското Првенство

Раководството на Ракометната федерација на Македонија, имаше средба со сениорките и со стручниот штаб, во пресрет на почетокот на Европското првенство во ракомет за жени, кое ќе се одржува во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица, од 4 – 20 ноември годинава.

„Сѐ што треба да направите, е да верувате во себе, да верувате во тимот, да бидете посветени и да се борите до крај. Без калкулации и без потклекнување и предавање пред фаворитите, а со борба за секоја топка!“, истакна Мукаетов во своето обраќање пред сениорките и стручниот штаб, потенцирајќи дека Ракометната федерација стои цврсто позади нив и со безусловна поддршка, а со само едно барање – игра со срце на терен.

Ракометарките изразија благодарност за вложените напори на македонската куќа на ракометот и за можноста да играат европско првенство на домашен терен, а со тоа и да го вратат сјајот на женскиот ракомет во земјава.

Женското ЕХФ Европско првенство 2022 се одржува под слоганот #PLAYWITHHEARТ, а Скопје после цели 14 години повторно ќе биде домаќин на европската ракометна елита.

Арената „Борис Трајковски“ е со комплетно обновена спортска инфраструктура, по терк на високите ЕХФ стандарди, наскоро ќе ги пречека екипите кои играат во групата Ц и во главната рунда.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести