Екипата на Македонија Ѓорче Петров, која оваа сезона играше во плеј-офот од Првата лига, има високи амбиции и за следната сезона, па така донесе нов ракометар во своите редови.
Станува збор за десното крило Живко Петровски, кој доаѓа од екипата на Шампион. Петровски со тимот на Македонија Ѓорче Петров потпиша договор на една година со опција на уште една.

(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷