Бразилецот Жоао Виктор Соарес Флорес е третото во серија засилување за екипата на Куманово.
Ракометарот кој ќе го засили Куманово е репрезентативец на Бразил до 21 година, а во својата кариера досега настапувал во својата родна земја за тимот на Итаја тим со кој стигнува до вицешампионската титула на Бразил.
Во својата кариера играл за Национал и Праја тим од каде доаѓа во редовите на Куманово.
Со тимот на Праја станува шампион на Бразил. Висок е 187 сантиметри, тежок е 98 килограми и игра на позиција пивот.

(фото – МРК Куманово)📷