Се роди нов клуб на македонската сцена, во името на ЖРК Атлетик. Клубот е со седиште во Скопје во Општина Аеродром.
ЖРК Атлетик во натпреварувачката сезона 2025/2026 ќе настапува во сите категории: пионерска, кадетска, младинска и Супер лига.
Исто така, клубот ќе има сопствена школа за девојчиња почетници. За да се постигне таа цел, потребна е имплементација на функционален систем на тренажен процес во кој темелно ќе бидат опфатени:
- Техничко – тактички и кондициски тренинзи,
- Колективна и индивидуална видео анализа,
- Учество на натпревари и турнири во државата и странство,
- Неделни активности со спортски психолог
Тренинзите и натпреварите на ЖРК Атлетик ќе се одвиваат во СЦ Јане Сандански, во Скопје.
Извршен директор ќе биде Ана Стојков, спортски директор ќе биде Ина Суслина, оперативен менаџер ќе биде Михаела Митреска.
Во стручниот тим на клубот ќе бидат Кирил Насков, Татјана Хмирова, Ивана Велковска, Тања Андрејева, Дејан Пецаковски, Марија Дурљанова и Нина Димковска.

(фото – ЖРК Атлетик)📷