ЖРК Вардар го проширува семејството со нови генерации, откако од клубот објавија дека вршат уписи на нови членови, генерација 2010 и помлади.
Базата на тимот ќе биде Општина Аеродром. Во програмата за развој на Вардар веќе се вклучени неколку македонски ракометни легенди, а тоа се: Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Анжела Платон, Маја Папуџиева, Даниела Новеска и Александар Царчев.
Сите заинтересирани за дополнителни информации во врска со уписите и термините можат да се обратат на следните контакти:
телефон: 078 299 943
e-mail: noveskadaniela@gmail.com
(фото – Вардарфанс)📷