Женскиот тим на Вардар, го донесе првото засилување за следната сезона, кое доаѓа од екипата на Кузман Вардар.
Станува збор за Нина Милевска, која настапува на позицијата лев бек. Таа изминатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци во Женската Супер лига.
Овој бек од почетокот на нејзината кариера беше во Кузман Вардар. Наскоро се очекува дефинирање на ростерот на црвено-црните, некои ракометарки веќе се заминати, а се очекува ангажирање и на неколку нови имиња.
(фото – Вардарфанс)📷